![333](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/333-1.jpg?resize=640%2C493&ssl=1)
Штетите од железничката несреќа која се случи на релација Скопје – Куманово (Табановци) а за која никој од властите не презеде одговорност се огромни, пишува Курир.
Имено, компаниите претрпуваат огромни штети при нивното работење поради неодговорноста на службите и на Владата. Така компании кои претставуваат едни од најголемите индустриски капацитети во Македонија имаат сериозни проблеми со снабдување на основните суровини за работа.
Конкретно компанијата „Макстил“ АД Скопје на 3-ти овој месец испратила известување до Македонската берза за хартии од вредност во кое укажува дека поради оштетување на железничката пруга и прекинатата железничка комуникација со Р. Србија компанијата се соочува со исклучително сериозен проблем во снабдувањето на старо железо кое е пак основна металуршка суровина.