Од срцето на Македонија испраќаме силна порака. Решивме да застанеме на патот на предавството, нема да дозволиме да го скршат македонскиот народ, да го избришат македонскиот јазик, да го избришат македонскиот идентитет, изјави Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ.
Ни замеруваат за протестите и не обвинуваат дека ние сме виновни за пандемијата која е излезена од контрола на власта из ема за жал се поголем замав. Меѓутоа и покрај се, и покрај сите притисоци кои ги врз нас, врз граѓаните, се зголемува бројот на луѓето кои се охрабрени да излезат на протест и да кажат НЕ на бришењето на се што е македонско, истакна Дрвошанов.
Нема да го дозвоиме тоа, нема да дозволиме да се избришат нашите корени, затоа ги повикувам сите, сите граѓани да бидиме сплотени во овој момент, да бидиме единствени и да си ја зачуваме Македонија. Помина времето на страв, отвораме нова страница на отпор на македонскиот народ. Протест сега за да не биде предоцна. Оставка на Заев, слобода на народот, додаде тој.