Вакцина против смртоносниот вирус на ебола би можела да се најде во експериментална употреба на терен до јануари доколку до декември во клиничките студии биде потврдено дека е безбедна, изјави денеска Мари Пол Кини од СЗО.
– Клиничките испитувања што се планираат или се во тек во Европа, Африка и САД се следат со залагање на влади кои бараат итна примена на официјална одобрена вакцина против вирусот ебола, изјави Кини која е помошник на генералниот директор за Здравствени системи и иновации во СЗО.
Таа додаде дека доколку вакцината се покаже како безбедна, десетици илјади дози би можеле да бидат применети за испитување во Западна Африка во јануари.
Според неа, првите вакцини би можеле да бидат тестрирани врз луѓе во следните две недели.