Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека во прашање е ден, а не недла, кога ќе се распише јавен оглас за приватизација на Телеком Србија. Сепак, порачал дека нема по секоја цена да се продава компанијата, особено ако не се добие добра цена и добри услови.
Прецизирал дека интерес за таа компанија покажале осум фирми, а дека постојат уште една или две компании со кои допрва ќе се разговара.
Неговиот став е дека многу подобро Телеком да се продаде, бидејќи се плаши дека ќе доживее пад, бидејќи тешко дека ќе го издржи натпреварот со големите светски играчи.