Тешко повредено девојче во удар на автомобил на скопскиот булевар Србија

Констатирани се тешки телесни повреди кај малолетното девојче кое во четвртокот попладнето беше удрено од возло кај бензинската пумпа „Лукоил“ на булеварот „Србија“ во скопската населба Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 07.12.2023 во 16.25 часот на булевар „Србија” спроти бензинска пумпа патничко возило ‘пасат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, каде била пренесена за укажување на лекарска помош“, информираат од полицијата.