Тешка победа на Лион над фенерџијата Гинган

Фудбалерите на Олимпик Лион тешко со 2:1 (2:1) го победија последнопласираниот Гинган во првата средба од 25-то коло на францускот првенство.

Стрелци за Лион беа Мартин Терие во 15 и Набил Факир во 35 минута, а за гостите во 21 минута погоди Фелик Ебоа Ебоа.

Третопласираниот Лион сега има 46 бодови, три помалку од вториот Лил кој има меч помалку, и 13 бодови помалку од водечкиот ПСЖ кој има дури три натпревара помалку. Гинган остана на 14 бодови, четири помалку од 19-от Каен а пет од 18-от Монако.

Во првиот дуел одигран во петокот, Нимс го совлада Дижон со головите на Тежи Савание во 28 и Антонин Бобишон во 83 минута. Нимс е деветти со 36, а Дижон е 17-ти со 20 бодови.