Тимоние: Не е проблемот само во судството, туку и во политичкиот систем

„Одблиску ќе ја следиме аферата Рекет и развојот на настаните. Треба инситутциите подобро да дејствуваат, институции кои функционираат, особено ќе ја споменам комисијата за борба против корупцијата која што разгледува одредени предмети дури и комплицирани предмети кои повикуваат високи функционери на власта“, изјави фанцускиот амбасадор Кристиан Тимоние во интервју за Македонското радио и додаде:

„И веројатно постои простор за прочистување. И не треба само да се обвинува судскиот систем за она што го прави, туку треба своевидна автодисциплина и рестрикција која е недоволна во политичкиот систем во однос на судскиот систем. Судскиот систем треба да има храброст да се спротивстави на политичкиот систем. Посакувам стабилност во оваа земја, и не може преку нестабилност и преку решавање на лични сметки дека ќе се создаде клима за европезација. Не сакаме ниту култура на неказнивост која донесе застарување на СЈО. Ќе кажам дека мандатот кој беше даден од граѓаните но и поддршката на меѓународната заедница за промени во земјата во 2016-тата ќе бидат оправдани само преку суштински и длабоки реформи, а не да се затвараат очите пред злопотребите и да се задржи тој перверзен систем кој што не е европски“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.