Тесто
60 гр. брашно
2 јајца
20 гр. шеќер
5 гр. путер
20 мл. кисела павлака
1 прашок за пециво
Фил
1 л. млеко
5 лаж. брашно
3 лаж. какао
15 гр. шеќер во прав
25 гр. маргарин
10 гр. шеќер
малку рум
Глазура
10 гр. чоколада
8 гр. маргарин
2 капки масло
Подготовка
Тестото замесете го од брашно измешано со прашок за пециво, шеќер, јајца, путер и павлака.Тестото поделете го на пет делови, направете кори и испечете ги на обратната страна на тавката за печење.
За филот шеќерот, брашното и какаото изматете ги во малку млеко и сварете ги во остатокот од млекото.Сварената смеса оладете ја и додадете ја во пенасто изматениот маргарин сработен со шеќер во прав и рум.
Корите прмачкајте ги со филот и најгоре со чоколадна глазура која се прави на тој начин што чоколадата и маргаринот се топат на пареа и на нив се додава масло.