Тракторист тешко повреден при излетување од патот

Во саботата околу 13 часто на пат Драчево – Планинарски дом „Караџица“ во близина на Скопје, трактор „стеелс“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 64-годишниот скопјанец К.М. изгубил контрола и излетал од патот.

По несреќата мажот бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Известен е јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје