Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп се согласиле на состанокот одржан во неделата дека ќе продолжат со дијалогот за да се постигне напредок во процесот на денуклеаризација на Корејскиот полуостроц, јавуваат во понеделникот медиумите во Пјонгјанг.
Доналд Трамп стана во неделата првиот активен американски претседател кој дошол во посета на Северна Кореја, односно стапнал на севернокорејска територија, кога во неделата се сретна со Ким Џонг-ун во Демилитаризиранатра зона меѓу двете Кореи.
„Челниците на двете држави се согласија дека ќе останат во близок контакт во иднина, за да го обноват и придвижат продуктивниот дијалог за постигнување напредок во денуклеаразацијата на Корејскиот полуостров и во билатералните односи“, пишува севернокорејската службена новинска агенција KCNA.
Агенцијата додава дека во текот на разговорите зад затворени врати, Ким и Трамп ги разјасниле „прашањата неопходни за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров“, потоа „прашањето на грижите и интересите кои станаа камен на сопнување во решавањето на овои прашања“, како и дека „изразиле многу заемно разбирање и сочувство“.
„Храбрата одлука“ на двајцата челници да одржат историски состанок „создаде доверба без преседан меѓу двете земји“, коишто „доста време се вовлечени во длабоко вкоренет анимозитет“, заклучува во извештајот KCNA.