
Испораките на гасот продолжија во четвртокот преку руско-германскиот гасовод Северен тек 1, по завршувањето на работите на годишното одржување потврди за германската новинска агенција DPA, портпаролот на компанијата.
Приемот на гасот преку Северен тек 1 од страна на Германија продолжи во четвртокот утрото на терминалот во Грајфсвалд, по завршувањето на одржувањето на гасоводот, покажуваат податоците на операторите на германските гасоводи OPAL i NEL.
Десетдневниот прекин поради одржувањето го намали протокот на гасот на 11-ти јули на нула, а се стравуваше дека Русија може да реши да не ги покрене повторно испораките во моментот кога Европа се соочува со енергетска криза поради недоволно исполнетите капацитети на своите складишта на гас пред есента и зимата.
Портпаролот на компанијата „Nord Stream AG“ изјавил дека ќе биде потребен извесен период за да се достигнат вообичаените нивоа на транспортот на гасот преди двата цевковода на системот.
Додал дека најновите количества на испорака на гасот се исти како оние најавени пред годишниот период на одржување, околу 67 милиони кубни метри гас дневно, што одговара на 40 отсто од максималниот капацитет на снабдувањето.
Меѓутоа, можно е количеството да се менува во текот на денот, бидејќи е потребно извесно време за протокот да се стабилизра.
Челникот на германскиот енергетски регулатор, Клаус Милер, изјави во средата вечерта дека за 21-ви јули се нарачани 800 гигаватчасови гас (како што се изразува обемот на енергенсот во ЕУ), предупредувајќи дека сепак количеството до четврток може да биде променето. Ден пред затворањето на Северен тек 1 испорачани се 698 гигаватчасови гас.
Северен тек 1 има капацитет над 55 милијарди кубни метри гас годишно за извоз во Европската унија, која минатата 2021 година увезла вкупно околу 140 милијарди кубни метри гас од Русија. Тој и најголемата директна рута за снабдување на Европа со гас.
Рускиот добавувач „Газпром“ откако кон средината на јуни за 60 отсто ги намали испораките на гасот преку Северен тек 1 поради неможноста поради антируските санкции од Канада од ремонт да биде вратена гасна турбина, на 11-ти јули поради редовното годишно техничко одржување ги запре испораките. Германски „Siemens“ турбината за клучната гасна потстаница Портоваја ја испрати на ремонт во своите погони крај Монтреал, а Канада по сервисот го блокираше нејзиното испорачување, поради санкциите врз „Газпром“. По еден месец преговори со Отава, Берлин издејствува турбината да биде изземена од санкциите и покрај острите противења од Украина.
Според руските медиуми, таа во понеделникот била испорачана во Германија, а потоа требало да биде транспортирана во Русија. Меѓутоа, во средата „Газпром“ објави дека нема да може да ја инсталира без неопходната документација којашто „Siemens“, според нив, сѐ уште не ја доставил.
„Газпром од Siemens не доби никакви официјални документи кои би овозможиле, според условите на санкциите коишто ги воведоа Канада и ЕУ, моторот за гасната турбина да биде инсталирана на компресорската станица Портоваја“, порача руската државна компанија.