Пред три години, во 2018 година на денешен ден 30. септември се одржа референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор, што автоматски ќе значеше и промена на уставното име во Република Северна Македонија.
Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
На референдумот имаше излезност од 36,91%, или на него излегоа 666.743. „За“ се изјаснија 609.813 гласачи, додека за „не“ 37.700 гласачи. Неважчки лифчиња имаше 19.230.
Референдумот беше прогласен дека не ги исполнува условите да биде прифатен Договорот од Преспа, и да има уставни измени за промена на името, со што потоа во Собранието беше изгласано со двотретинско мнозинство измени во Уставот со што се случи и промена на името во Република Северна Македонија за внатрешна и надворешна употреба.