Во првите седум натпревари од 33-то коло на англиското фудбалско првенство во саботата гостинските екипи остварија три победи, а четири дуел завршија нерешено.
Тотенхем славеше со 2:1 на гостувањето кај претпоследниот Стоук со головите на Ериксон во 52 и Кејн во 63 минута, додека за домашните погоди Диуф во 57 година. Така „Спарси“ со 67 бодови се израмни со Ливерпул кој претходно во саботата во Мерсисајд дербито одигра без голови со Евертон. Двата клуба заостануваат еден бод зад Манчестер Јунајтед кој вечерва гостува во големото градско дерби со Манчестер Сити кој со победа може да ја потврди титулата на шест кола пред крајот на првенството.
Барнли со победата кај Вотфорд 2:1 се приближи на само два бода до шестопласираниот Арсенал и место коешто води во Европската лига. Домашните во водство ги донесе во 61 минута Переира, а за само две минути Вокес во 71 и Корк во 73 минута донесоа пресврт и три бода за Барнли.
Вест Бромвич Албион со заминувањето на Алан Пердју од тренерската клупа ја прекина низата од осум последователни порази, но не успеа да ја забележа четвртата победа. ВБА поведе пред своите навивачи преку Родригез во 55 минута, но важен бод са Свонси донесе Абрахам во 75 минута.
Борнмут и Кристал Палас ги поделија бодовите иако гостите двапати беа во водство преку Миливојевиќ во 47 и Заха во 75 минута, додека за домашните изедначуваа Мусет во 65 и Кинг во 89 минута.
Лестер беше поразен пред своите навивачи од Њукасл со 1:2. Шалвеј во 18 и Перез во 75 минута донесоа недостижна предност за гостете, која успеа само да ја ублажи Варди во 84 минута.
Играчите на Хадерсфилд постигнаа два гола, од кои еден во сопствената мрежа Лосл во 29 минута и Муние во 33 минута, за поделба на бодовите кај Брајтон.