Триесет дена притвор за Зоран Милевски-Кичеец

Бизнисменот Зоран Милески-Кичеец доби 30 дена притвор, објави ТВ Сител.

Одлуката се очекува судијата на претходна постапка да ја објави во писмено соопштение по завршувањето на сите истражни дејства.

Зоки Кичеец е второосмничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен. Кичеец и Боки од рано попладнево се приведени. Боки беше уапсен на Г.П. Богородица а Кичеец во скопски ресторан.

Сѐ уште трае распитот на Боки 13.