Трпески: Петре Шилегов не одговори каква е врската СДСМ-ДР Пановски?

Сашо Трпески на денешната прес конференција во ВМРО ДПМНЕ истакна дека Петре Шилегов не одговори на неколку клучни работи и тоа:
-Колку е вкупната сума и за колку тендери станува збор кои со неговиот потпис отишле во рацете на фирмата ДР Пановски чиј што сопственик е спонзор на СДСМ?
-Каква е врската помеѓу Радмила Шекеринска, заменик претседателот на СДСМ и ДР Пановски?
-Каква е и релацијата помеѓу Петре Шилегов со ДР. Пановски?

„Бидејќи Шилегов не одговори, а вчера ние објавивме шест решенија со кои за најповолен понудувач е избрана фирмата ДР Пановски – денес објавуваме нови седум, што вкупната бројка на решенија со кој Шилегов и овозможил бизниси на фирмата спознор на СДСМ се искачува на вкупно 13 јавни набавки.Петре Шилегов на 20.10.2004 година носи решение на кое стои неговиот потпис со кој жалбите на фирмата Виктор и Роланд Доо Скопје се одбиваат како неосновани и за најповолен понудувач се избира токму фирмата ДР Пановски.Петре Шилегов одбива уште една жалба на фирмата Биотек Скопје и се потпишува на решението под број 50-2580/5 со кое најповолен понудувач станува ДР Пановски и на тој начин добива бизнис за набавка на материјали за потребите на ЈЗУ Клинички Центар.Петре Шилегов се потпишал и на решението со број 50-5774/4 со кое жалбата на фирмата Реплек се одбива во однос на повикот за најповолен понудувач за набавка на материјали за Клиниката за торако-васколарна хирургија. Повторно за најповолен понудувач е избрана фирмата ДР Пановски,“ вели Трпески и додава дека таков е и случајот со жалбата на фирмата Елибијор која Шилегов ја одбива и тендерот за набавка на потрошен материјал за потребите на Фондот за здравствено осигурување се уважува.

„Но имаме и обратен случај. Кога фирмата ДР Пановски поднела жалби за јавни набавки – Шилегов експресно ги прифаќа. Таков е случајот со решенијата под број 50-70/2, број 50-4627/2, и број 50-4626/2 каде фирмата која е во сопственост на спознорот на СДСМ ДР Пановски добива значајни тендери за набавка на медицински материјали за потребите за здравствените установи.Заклучокот е дека кога и да се појавува на тендер велегдрогеријата ДР Пановски, истата скоро секогаш победува на тендерите благодарение на решенијата на кој стои потписот на Шилегов.Благодарение на потписите на Шилегов, огромни суми на пари завршуваат на фирмите блиски до СДСМ.Сите документи кои ги објавивме говорат дека станува збор за организиран систем на доделување на тендери на фирми блиски до СДСМ.Зад сите нив стои потписот на Петре Шилегов.Прашањето е г-дине Шилегов – за колку пари станува збор? Ова не се еден или два, туку вкупно 13 бизниси.Дали ова е рецептот како се прераснува во главен адвокат и портпарол на кланот Заеви и милионерите на СДСМ,“ прашува Трпески.