Тунис извести за првот смртени случај од коронавирусот, Нигер за првата инфекција

Властите на Тунис и Нигер ги пријавија во четвртокот првите смртен односно случаја на зараза со новиот тип коронавирус Covid-19.

Како што пренесе радиостаницата Mosaic FM, станува збор за повозрасна жена којашто воедно е и првиот пациент во Тунис кај кого е потврден коронавирусот.

Случајот го потврдила и челничката на Националниот информативен центар за нови болести при министерството за здравство, Нисаф бен Алаја. Додала дека жената починала во болница во средата, а резултатите биле потврдени ден подоцна.

Истовремено во четвртокот агенцијата Reuters, повикувајќи се на министерот за здравство на Нигер, Иди Ијасу Мајнасара, дека во земјата е регистриран првиот случај на зараза со коронавирусот.

Станува збор за 36-годишна државјанка на Нигер, коај недоамна престојувала во Того, Гана, Брегот на слоновата коска и Буркина Фасо.