Турција во петокот побара солидарност од своите сојузници во НАТО пркосејќи и на глобалната осуда поради нејзината воена операција во соседна Сирија.
„Не е доволно да се каже ‘ја разбираме вашата легитимна загриженост’. Сакаме да искажете јасна и гласна солидарнот“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Истанбул.
Туриција во среата ја започна воздушната и копнената воена операција во северна Сирија, насочена против тамошните Курди кои беа сојузници на САД.
И покрај тоа што Чавушоглу истакна дека операцијата е „легитимна“, таа е критикувана од повеќе членки на Алијансата,. Столтенберг рече дека ја споделил „својата загриженост поради дестабилизацијата во регионот“, и ѝ порача на Анкара да „дејствува одмерено“.
НАТО ја поддржува Турција со 5 милијарди долари за воената инфраструктура, додаде Столтенберг. „Тоа покажува дека НАТО е присутен во Турција. Тука сме да ја заштитиме Турција, но и сите нас“, рече Столтенберг.
Претходно во петокот турското министерство за одбрана соопшти дека тројца војници се повредени во судирите со курдската милиција Единици за заштита на народото (YPG). Се наведува и дека „неутрализирани се 49 терористи, алудирајќи на курдските борци, со што вкупниот број убиени во операцијата се искачи на 277 лица.