Туркменистанските избори го потврдуваат пренесувањето на власта од таткото на синот

Туркменистан во саботата го избираше новиот претседател на изборите на коишто однапред беше познат исходот, бидејќи досегашниот претседател ќе го замени неговиот син во една од најзатворените и најавторитарните земји на светот.

Заминувањето на Гарбангули Бердимухамедов и доаѓањете на власт на неговиот син Сердар кој последните години доживеа метеорски подем, ќе биде првата поголема промена на власта во последните 15-ина години во Туркменистан.

На изборите официјално имаше девет кандидати, но нема сомневања дека ќе победи 40-годишниот Сердар Бердимухамедов, кој најави продолжување на политиките на својот татко.

Гурбангули Бердимухамедов, шефот на државата на заминување, воедно е и претседател на владата и на Сенатот, беше главен човек во земјата по смртта на неговиот претходник Сапамурат Нијазов во 2006 година. Бердимухамедов потврди, сепак, дека останува во политика на претседател на Сенатот, што е втората по важност должност во земјата.

Бердимухамедов, кој во јавноста често се појавуваше на велосипед, на коњ или во спортска сала, ужива култ на личноста во оваа централноазиска земја. Тој минатиот месец неочекувано објави дека се повлекува од претседателската функција за да го препушти местото на „младото поколение“.

Државната телевизија на оваа поранешна советска република богата со гас и нафта, објави во саботата дека изборите се показател за „неповратниот процес на демократизација на современото туркменистанско општество.

Избирачките места беа затворени во 16 часот по македонско време. Одѕивот на гласачите според централната изборна комисија бил висок со 97,12 отсто, што не е претставува особено изненадување за Туркменистан. Така, на претходните избори во февраури 2017 година одѕивот на гласачите изнесуваше рекордни 97,27 отсто. Иако засега не е објавено кога ќе бидат објавени официјалните конечни резултати, свеченото преземање на должноста од новиот претседател е закажано за следната сабота.

Сердар Бердимухамедов доживеа остар подем. Беше заменик министер за надворешни работи и регионален гувернер, а потоа минатата година ја презема должноста потпретседател на министерскиот кабинет и член на влијателниот Совет за безбедност. Сепак е малку познат за пошироката јавност и во негавата биографија се наведува само дека е „најискусниот“ кандидат, иако е најмлад од сите.

Туркменистанската економија речиси целосно зависи од извозот на земниот гас, во прв ред во Кина и доста претрпи поради забавувањето на глобалните стопански активнсоти поради пандемијата на коронавирусот.