Денеска готвиме нешто многу вкусно, зачинето, неодоливо, готвиме два познати турски специјалитети, лахмаџун или турска пица и прекрасна баклава.
Потребно:
За фил:
500 гр мелено месо
3 чешниња лук
5 главици кромид
100 мл кечап
100 мл доматен сос или салца
1 китка магданос
2 лажички црвен пипер
3 лажички оригано
За тесто:
500 гр брашно
300 мл вода
2 лажички сол
1/2 лажичка шеќер
5 лажици масло
Подготовка:
Ситно се сецка кромидот и лукот (може и да се изрендаат за да подобро се измешаат во смесата). Се додаваат во меленото месо, заедно со доматниот сос и салцата. Се додаваат зачините и сето тоа се меси. Се додававаат и две лажици брашно за да смесата биде поцврста.
Тестото се замесува слично како за пица и се расукува на тенки округли кори, на кој се премачкува тенок слој од филот.
Потоа се пече во рерна на 200 степени, околу 10 минути, додека да зарумени.
Одкако ќе се испече, се расекува на четвртинки, одозгора се става ситно сецкана марула или може рендана зелка, морков и сл. зеленкук по избор, се цеди лимон врз сето тоа, се мота во ролат и се јаде во комбинација со ајран.
Баклава е традиционален туски десерт, кој е одличен со јако кафе.
Потребно:
За кори:
1 чаша растително масло
1 чаша млеко
3 јајца
половина чаша (за турски чај) оцет
малку сол
6 чаши брашно
1 пакетче скроб
400 грама ореви
половина пакетче маргарин
250 грама масло
За шербетот:
1.5 литри плус една чаша вода
1.5 кг. Шеќер
Подготовка:
Прво се подготвува тестото од горенаведените состојки и се остава да отстои половина час. Подготвеното тесто се дели на четири дела. Од секој дел се одвојуваат по 15 теста во големина на орев. Во тестото со големина на орев се додава скробот и со помош на оклагија (сукало) се развлекува тестото. Откако ќе се развлечат сите 15 теста, корите се ставаат во тепсија, претходно подмачкана со масло, и се редат една врз друга. Потоа се додава претходно измелениот орев. Истата постапката се повторува и за останатите кори. Откако ќе завршат сите кори, се сечат во коцки/баклави. Потоа се прелива полека со претходно растопено масло. Рерната треба да биде добро зегреана на 220 степени и кога ќе се стави баклавата, температурата треба да се намали на 100-150 степени и да се пече 2-3 часа. Така направената баклава треба да постои барем еден ден за да може шербетот добро да се упие.
Кога баклавата ќе ја добие златножолтата боја се подготвува шербетот од 1.5 кг шеќер и 1.5 литри и плус една чаша вода. Откако ќе поврие еден час, со топлиот шербет ги преливаме корите.