Лицето кое е осомничено дека го изврши нападот на божикниот саем во Стразбур во кој беа убиени три лица и ранети уште други 13, е убиено во четвртокот вечерта од француската полиција, објави Reuters повикувајќи се на два полициски извора.
Дваесет и деветгодишниот Шериф Шекат, жител на Стразбур со дебело криминално досие, бил убиен во квартот Недорф, откако полициската оперција била покрената по 21 часот.
Претходно во четвртокот попладнето 700 припадници на специјалната единица на францската полиција и на војската со поддршка на два хеликоптера ја блокираа спомената населба на Стразбур во која ноќта кон средата по нападот исчезна осомниечниот Шекат. Малку пред 21 часот француските медиуми објавија дека таа операција завршила без резултат, а полицијата објави дека нејзина цел не била пронаоѓање на осомничениот.
Агенцијата Reuters претходно објави дека се слушнале најмалку три истрела во кварот Недорф. Повикувајќи се на полициски извор за ливидацијата на Шекат јави и радиото France Info.
Според радиото, Шекат се криел во еден магацијна во квартот Мено. Тој бил убиен по престрелка со полицијата. Ниеден од припадниците на полициските сили не настрадал во оперцијата, додава радиото.
Телевизијата BFMTV, пак, повикувајќи се на извори блиски на истрагата, пренесува дека Шекат бил убиен во јужниот стразбурски кварт Недорф (или Најдорф).
„Мажот бил застрелан на улицата Лазарет“, прецизирал извор на агенцијата AFP. Соговорникот додал дека осомничениот отворил оган врз полицајците, и бил застрелан кога тие возвратиле на истрелите. Како што може да се види од прилогот на BFMTV, жителите на квартот собрани на местото, откако ги дознале вестите со аплаузи ја поздравуваат полицијата.
Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане објави претходно во четвртокот вечерта во Страсбур дека Божикниот базар повторно ќе биде отворен во петокот.
Во вторникот вечерта, малку пред 20 часот, напаѓачот во историското градско јадро на Божикниот базар во неколку наврати пукал врз минувачите. Во другата рака имал ноќ. Во престрелка со полицијата е ранет во раката, но успеал да побегне со такси. Три лица се убиени во овој напад, петмина тешко се повредени и осум полесно, според последните официјални податоци.
Шекат бил на листата на лица кои треба да бидат под надзор, бидејќи претставувале потенцијална бебедносна закана. Шериф Шекат, како што агенцијата DPA прва го идентификуваше во средата напаѓачот во Стразбур повикувајќи се на сопствени извори, бил осуден во Германија за кражба и затворен во 2017 година кога бил депортиран во Франција. Според овие информации, 29-годишниот француски државјанин бил затоврен по пресуда на судот во југозападниот германски град Зинген. Во средата обвинителот на Париз, Реми Ејтс, изјави дека кривичното досие на осомничениот за нападот во Стразбур содржи 27 пресуди за дела извршени во Франција, Германија и Швајцарија. Безбедносните служби потврдија дека им бил познат како потенцијално опасен.