Дванаесетгодишен ученик бил удрен од автомобил на пешачки премин пред неговото училиште во Скопје, во петокот и е пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Според Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на булеварот „Треата Македонска бригада“, околу 11,30 часот на семафорите на булеварот пред Средното училиште„Владо Тасевски“.
Тогаш автомобил „рено меган“ со скопски регистерски ознаки удрил во 12-годишното дете.