
Владата на денешната редовна 72 седница донесе Одлука за престанување на важноста на мерката со која сите домашни и странски физички лица што доаѓаат од земјите од Африка задолжително се упатува во 14-дневен карантин.
„На седницата, Владата донесе Одлука за престанување на важноста на мерката со која сите домашни и странски физички лица – патници од земјите од африканскиот континент и Бразил, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Македонија, задолжително да се упатуваат во 14-дневна изолација (карантин) односно оваа мерка да продолжи да се применува само за странски физички лица – патници од Индија“, информира владината прес-служба.