Во последниот натправар од саботната програма на англиското фудбалско првенство Астон Вила и Манчестер Јунајтед одиграа без победник 2:2, додека Манчестер Сити во дербито го совлада Челзи минимално со 1:0.
Јунјатед, кој играше без Кристијано Роналдо кој се пожали на болки во бутниот мускул, поведе со двата погодока на Бруно Фернандеп во 6 и 67 минута. Првиот го постгина од слободен удар со голема помош на домашниот голман Мартинез кому топката му се излизга од рацете и низ нозете ја мина гол-линијата, а вторито со силен удар по додавање на Фред.
Тогаш се чинеше дека „Црвените ѓаволи“ ќе ги освојат трите бода, но тимот на Стивен Џерард живна со влагувањето на засолувањето на Барселона, Бразилецот Фелипе Коутињо и со дава гола за четири минути дојде до израмнување. Прво Џејкоб Рамзи погоди во 77 минута, а потоа Коутињо во својот прв настап за Вила погоди за конечните 2:2.
Манчестер Јунајтед остана седми на табелата со 32 бодови од 20 кола, а Астон Вила од исто толку натпревари собра 23 бодови.
Во дербито на 22-то коло претходно во саботата бранителот на титулата и водечкиот на табелата Манчестер Сити како домаќин го победи второпласиранито Челзи со 1:0. Погодокот за 12-та последователна победа на Сити го постигна Кевин Де Брујне со приземен удар од 20-ина метри во 70 минута.
Водечкиот Сити од 22 натправара има 56 бодови, 13 повеќе од Челзи кој исто така ги има одиграни сите пренствени кола, а Ливерпул е трет со 42 бодови од 20 кола.
Норич Сити успеа да побегне од последното место на табелата откако со 2:1 дома го победи Евертон, кој по овој пораз е во сѐ потешка позиција во борбата за зачувување на прволигашкиот статус.
Норич брзопотезно стаса до предноста од 2:0 со два гола во само две минута. Прво во 16 минута автогол постигна Мајкл Кеан, а во 189 минута погоди Адам Ајдех. Гостите од Ливерпул до крајот на мечот успеаја само да намалат со голот на Ричалисон во 60 минута.
Норич сега е 18-ти со 13 бодови, еден помалку од 17-ти Вотфорд кој е на последното место коешто обезбедува опстанок во Премиер лигата, а со еден повеќе од 19-от Њукасл Јунајтед, односно два повеќе со четири одиграни натпревари повеќе од последниот Барнли. Евертон остана на 19 бодови и по одличниот старт на сезоната потона сега до 15-то место.
Во дуелот на директните конкуренти за опстанок Њукасл и Вотфорд одиграа 1:1. На домашните предност им донесе Алан Сент-Максимин во 49 минута, а гостите израмнија во 88 минута преку Жоао Педро обезбедувајќи важен бод.
Вулверхемптон со 3:1 беше подобар од Саутемптон. Раул Хименез реализираше пенал за домашните во 37 минута а водството го удвои во 59-та Конор Коејди. Џејсм Вард-Проус во 84 минута намали, но сите дилеми околу победникот ги разреши Адама Траоре во првата минута на судиското продолжение на мечот.
Вулверхемптон е осму со 31 бод од 20 натпревари, а Саутемптон со меч повеќе има 24 бодови и е 12-ти на табелата.
Во недела се закажани дуелот Ливерпул – Брентфорд и Вест Хем – Лидс Јунајтед, а одложени се средбите Барнли – Лестер Сити и Тотенхем – Арсенал.