Унгарија ги заостри мерките за „затворањата“ во борбата против Covid-19 во четвртокот за да го сузбие „многу силниот“ трет бран од пандемијата, затворајќи повеќето дуќани, а учениците од основните училишта се враќаат на наставата на далечина.
Новите случаи на заразата кои во четвртокот достигнале 6.278 најмногу во еден ден во последните три месеца, повеќето поради ширењето на британскиот сој на коронавирусот.
Властите кои оваа година ги очекуваат избори на почетокот од следната година, не ги затвораше дуќаните и индустриите за да се ограничи влијанието од пандемијата врз стопанството кои бинатата година забележало пад од пет отсто.
„Третиот бран е силен, многу силен и е полош отколку што беше вториот“, изјави за новинарите Гергели Гулјас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
Гулјас рече дека е забразана кампањата за вакцинирање во Унгарија, но недоволно брзо за да се запре ширењето на новите зарази.
Основните училишта и јаслите ќе бидат затворени до 7-ми април. Сите дуќани, освен продавниците за прехранбени продукти, аптеките и бензинските пумпи ќе бидат затворени од 8-и до 22-ри март. Спортот на отворено е дозволен со почитување на правилата за физичко растојание.
Гулјас додаде дека на вработените треба да им биде овозможено да работат од дома во оние професии во кои тоа е можно, и дека носењето маски ќе биде задолжително во сите јасни простори.
„Се надеваме дека во последната фаза од пандемијата и дека ќе достигнеме ниво на вакцинирањето во следните неколку седмици и месеци, што ќе овозможи повторно отворање (на стопанството), кое што постепено ќе се одвива од 22-ри март“, додаде шефот на кабинетот на премиерот Орбан.
Од средината на ноември во Унгарија на сила е полицискио час во текот на ноќта, затворени се хотелите и рестораните, а наставата на далечина ја следат учениците на сите средни училишта.
Унгарија минатата седмица стана првата земја во Европската унија којашто започна да го вакцинира населението со кинеската вакцина „Sinopharm“, набрзо откако ја одобри и руската вакцина „Sputnik V“. Унгарија, покрај тоа, вакцинира и со вакцините на „Pfizer/BioNTech“, „Moderna“ и „AstraZeneca“ коишто имаат одобрување во ЕУ.
До четвртокот повеќе од 785.000 луѓе во Унгарија примиле барем една доза од вакцина против коронавирусот. Од почетокот на пандемијата во земјата со 10 милиони жители, потврдени се 446.178 случаи на заразата, а починале 15.476 луѓе.