
Унгарската полиција го запре првиот воз, за градот Шопрон во близина на границата со Австрија и сите бегалци ги насочи кон градот Бичке, каде што има прифатен центар.
Сите останати патници биле симнати и се качиле на резервен воз.
Мигрантите, удирајќи по прозорците на вагоните, скандираа „Никаков камп, никаков камп“.
Десетина мигранти, легнале на шините на железничката станица кај Бичке, противејќи се на одлуката на унгарската полиција да ги однесе во прифатниот центар, а други се обидувале да и’ побегнат на унгарската полиција.

Околу 50 полицајци од безбедносните сили на земјата се распоредени во близина на возот.
Полицијата испразнила еден од вагоните, а уште пет вагони со мигранти се уште стојат на железничката станица.
Најголем дел од беглците се од Сирија, кои сакаат да избегаат во Австрија или Германија, но без соодветни документи.
Унгарската, германската и австриската полиција формираа заеднички патроли кои ги контролираат возовите кои сообраќаат од Будимпешта до Минхен, додека припадници на унгарската и словачката полиција ги надгледуваат возовоте кои одат кон Братислава.

Поврзани вести: