Министерството за здравство купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија за хируршки зафати за пациенти. Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука, соопшти Министерството.
Станува збор за CR рентген, лапароскопски стол и ласер „тулиум“ кои се последниот крик во медицината во областа на хирургијата, а веќе се составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија во Скопје.
Попладнево министерот за здравство д-р Венко Филипче ги посети неговите колеги на Урологија, на тимот предводен од д-р Сашо Дохчев и му посака уште многу успешни операции.