Јужнокорејскиот премиер Ќунг Сје-кјун во петокот објави дека во оваа азиска земја е регистриран рекорден број новозаразени од коронавирусот или 1.241 случај, а кинеските здравствени власти објавија дека во последното деноноќие потвдриле 14 нови случаи на заразата со коронавирусот.
Јужна Кореја на почетокот од пандемијата брзо ја стави заразата под контрола со масовно тестирање и следење на контактите, но потешо се справува со вториот бран на коронавирусот. Оваа седмица заострени се рестриктивните мерки за да се сопре ширењето на заразара, смеат да се соберат најмногу пет лица, а туристилките локации и скијачките центри се затворени.
„Дневниот рекорд на потврдените случаи вчера повторно е надминат со 1.241 заразени“, изјави претседателот Чунг, предупредувајќи дека многу жители и натаму ги кршат мерките на физичкото дистанцирање.
Корејскиот центар за контрола и превенција на заразите објави дека вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата е зголемил на 54.770, со уште 17 починати или вкупно 773 смртни случаи во земјата која има речиси 52 милиони жители.
Истовремени Националниот комитет за здравство во соседна Кина во своето дневно известување објави дека седум од 14-те нови случаи и на заразата се увезени од странство, а седум се локални инфекции во североисточната провинција Лиаонинг.
Во четвртокот биле откриени и 17 асимпоматски случаи, но ваквите случаи кинеските власти ги водат посебно и не ги вклучуваат во бројот на новозаразеиет до појава на јасни симптоми.
Од почетокот на пандемијата од крајот на декември 2019 година, најнаселената земја на планетата која прва пријави зарази со новиот коронавирус SARS-CoV-2, забележа 86.000 зарази и 4.634 починати.