Загрижените жители на Јужна Кореја се преплашени од заразата со новиот коронавирус а многумина од нив последната половина година ги ставаат банкнотите во микробранови рерни или во машини за перење облека, притоа уништувајќи ги во настојувањата темелно да ги „измијат“ од коронавирусот.
Централната банка на Јужна Кореја во петокот објави дека жителите во изминатите шест месеци замениле трипати повеќе оштетени банкноти отколку во истиот период минатата 2019 година, а се верува дека повеќето се уништени во настојувањата хартиените пари да бидат дезинфицирани на целосно несоодветен начин: во микробранова печка или во машина за перење алишта.
Претставник на централната банка за Reuters рекол дека вкупната вредност на оштетените банкноти кои меѓу јануари и јуни се вратени во банките откако изгореле во микробранови рерни или се испрани во машините за перење изнесува 1,32 милијарди вони или околу 1,1 милион американски долари. За споредба, во истиот период минатата години во банките клиентите вратиле банкноти во вредност од 480 милиони вони или 400.000 долари.
Во соопштението на банката се истакнува дека во првата половина на 2020 година била принудена да уништи банкноти и кованици во вредност од 2,69 милијарди вони.
Како екстремен пример на „миењето“ на парите, банката го наведува примерот на клиент кого службениците го нарекуваат Ум. Тој во банката дошол за да замени 35,5 милиони вони кои ги оштетил откако темелнпо ги измил во машина за пењето алишта. Банката можела да му замени само 22,9 милиони вони, што значи дека загубил 35 отсто од заштедените пари.
Вториот случај се однесува на лице кое го нарекле Ким. Тоа во микробранова рерна поради „темелна стерилизација“ ставило 5,2 милиони вони. Но штетата во овој случај не била преголема, па банката сепак му заменила најголем дел од банкнотите.
На почетокот од март Централната банка на Јужна Кореја објави дека воведува двонеделен карантин за банкнотите за да се отстранат траги од коронавирусот SARS-CoV-2, а некои беа спалени за што поефикасно да се спречи ширењето на заразата.
Целата готовина донесена од локалните банки, централната банка две седмици ги задржува во сеф, имајќи предвид дека по девет дена вирусот вообичаено згинува, соопштија тогаш од централната банка.
Според централната банка, банкнотите се „переа“ на висока температура пред повторно да бидат пупштени во оптек. Рутинската постапа на „перењето“ на парите подразбира загревање на банкнотите на температура од 150 Целзиусови степени две до три минути. Потоа банкнотите се пакуваат и извесно време се држат на температура од 42 Целзиусови степени. Со тоа парите всушност се дезинфицираат, ја појаснија постапката од јужнокорејската централна банка. Банката тогаш ја заостри и рутинската постапка за спалување на хартиените пари од сите делови на земјата за да се спречи ширењето на заразата.