Вакцинирањето во бременоста не е поврзано со компликации при породувањето

Вакцинирањето против Covid-19 во бременоста не е поврзано со предвремено породување и со малата породилна тежина на новороденчето, покажува истражувањето кое во вторникот го објави американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC).

Стапката на предвременото породување изнесувала 4,9 отсто меѓу 10.000 жени кои примиле барем една доза од вакцините против Covid-19, а 7 отсто од околу 36.000 невакцинирани жени, наведуваат истражувачите во неделниот извештај на CDC за морбидитетот и морталитетот. Со тоа, разликата меѓу вакцинираните и невакцинираните жени статистички не е значителна.

Покрај тоа, вакцинирањето против Covid-19 не претставува ниту ризик и за малата породилна тежина на новороденчето, покажало истражувањето. Научниците притоа наведуваат дека резулатите од студијата ги потврдуваат препораките на CDC за безбедноста на вакцинирањето против коронавирусот во бременоста.

„Доказите за предностите од вакцинирањето на Covid-19 во текот на бременоста и натаму се собираат, вклучително и откривањето на антителата во крвта на папочната врвца“, напишаа експертите.

Истакнуваат, исто така, дека бремените жени со Covid-19 имаат зголемен ризик од хоспитализација на одделите за интензивна нега, потреба од механичка вентилација и летален исход.

Жените кои учествувале во истражувањето забремениле меѓу мај и октомври 2020 година, пред вакцините да бидат достапни. Речиси сите вакцинирани жени ја примиле вакцината во второто или третото тримесечје од бременоста. Околу 96 отсто биле вакцинирани со вакцините на „Pfizer/BioNTech“ или на „Moderna“ во две дози, а другите ја примиле вакцината на „Johnsona&Johnson“ која се дава во една доза.

Не е забележана разлика во исходите врз основа на времето на вакцинирањетом, бројот на дозите и произведувачот на вакцината.