Постојните вакцини можат да заштитат од бразилскиот сој на коронавирусот, покажува истражувањето на Универзитетот Оксфорд, а авторите на студијата им советуваат на фармацевтите во своите истражувања да се насочат на вкацината против сојот B.1.351, кој првпат беше идентификуван во Јужноафриканската Република.
Соевите на основниот коронавирус SARS-CoV-2 со специфични мутации на протеинскиот шилец преку кој тој продира во човечките клетки, задаваат најмногу грижи бидејќи научниците стравуваат дека тие ќе ја намалат ефикасноста на вакцините, како и врз имунитетот стекнат со претходна зараза.
Научниците во истражувањето ги користеле примероците од крвта на лица со антитела генерирани со заразата со коронавирусот, како и од вакцините на двата производитела „AstraZeneca/Oxford“ и на „Pfizer/BioNTech“ кои се користат во Велика Британија.
Податоците покажале речиси трикратно намалување на нивото на вирусната неутрализација со антителата кои се генерирани со вакцините за сокот на коронавирусот P.1 идентификувана во Бразил, слично на намалувањата воочени кај сојот кој првпат е идентификуван во грофовијата во Кент.
„Овие податоци зборуваат дека антителата стекнати по природен пат, или генерирани со вакцините, сѐ ште може да ги неутрализираат овие соеви, но помалку. Важно е дека сојот P.1 ‘бразилскиот’, можеби е помалку отпорен на овие антитела, отколку што во почетокот стравувавме“, наведуваат авторите на студијата.
Сојот кој првпат беше идентификуван во Јужна Африка предизвикала поголемо намалување во вирусната неутрализација, деветкратно намалување со вакцината „Oxford/AstraZeneca“ и за 7,6 пати помалку кај вакцината на „Pfizer/BioNTech“.
Во февраури Јужноафриканската Република привремено го прекина вакцинирањето со препаратот на „AstraZeneca“, бидејќи податоците покажале минимална заштита од блага до умерена зараза со варијантата на вирусот кој доминира во оваа земја.
Авторите на споменатата студија наведуваат дека „во целиот свет на лабораториите најголемиот приоритет би требало да биде развој на вакцината“ против јужноафриканскиот сој познат како B.1.351.
Ендрју Полард, главниот научник во истражувањето на вакцината на Универзитетот Оксфорд, вели дека студијата донесува „нови сознанија коишто може да помогнат да подготвиме одговори на новите предизвици од пандемијата, доколку биде потребно“.
Притоа се напоменува дека студијата сѐ уште не е рецинзирана од независни експерти.