
Неколку илајди луѓе протестирале во вторникот во Сиднеј поради убиството на афроамериканец во САД во текот на полициско приведување, а истовремено и австралиската полиција се најде на критики за наводно непотребна примена на сила против тинејџер од домародно потекло.
И покрај забраната за масовни собири поради пандемијата на коронавирусот, демонстрантите се собрале во Хајд паркот во центарот на Сиднеј, пренесува Reuters.
Демонстрантите во поворка минале кон згрaдата на владата, носејќи натписи „Не можам да дишам“ и извикувајќи „И црните животи се важни“, додека полицијата мирно ги следела демонстрантите.
„Ова е сечиј проблем. Како црна жена доста ми е да ги гледам моите браќа на земја. Како црна мајка стравувам за своите деца“, рекла за Reuters Кира Радгин, припадничка на австралиските Абориџини.
Афроамериканецот Џорџ Флојд умре минатиот понеделник откако бел полицаец во текот на апсењето го приклештил со колено на грлото, по што овој се задушил.
Во Сиднеј истовремено е покрената истрага за апсење на 17-годишен тинејџер од абориџинско потекло откако на социјалните мрежи се појавија снимки како со рацете во лисици е соборен на земјата по расправија со полицаец.
Полицаецот кој го извел совладувањето на момчето е привремено суспендиран. Во медиумите кружат снимки во кои полиацаецот со зафат го соборува на земја момчето кој паѓат со лицето кон земјата.
Инцидентот се случил доцна попладнето во понеделникот во паркот Варк во Сари Хилс предградие на Сиднеј. Полицијата тврди дека кога полицајците разговарале со група момчиња, тинејџерот му се заканувал на полицаецот со зборовите „Ќе те удрам по вилицата“, откако овој побарал од него да се заврти за да му стави лисици. Потоа со удар по нозете го фрлил на земјата, а тројца колеги му помагаат во приведувањето.
Тинејџерот кусо бил уапсен и одведен во полицска станица соопшти во вторникот полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс. Потоа бил префрлен во болница на набљудување пред да биде пуштен во домашен притвор додека трае истрагата. Полицијата наведе дека истрагата за инцидентот е во тек, а исто така, дека нејзините претставници се сретнале со претствници на локалната заедница и нивните челници.
Областа на Сари Хилс и Редфрен се едни од ретките населби во Сиднеј во кои сѐ уште живеат големи семејства на Абориџините. Една од тамошните жителки, роднина на момчето, изјавила дека тоа со пријатели стоело во близина на нејзината куќа кога полцијата го уапсила „без никаква причина“. Интернет страницата Guardian Australia цитира член на семејството кој рекол дека тинејџерот има модринка на рамето, исеченици на коленото, лицето и лактот и има скршен заб.
Во Австралија младите од домародната заедница и натаму се во голем број во притворите, според процените и 22 пати е поголема веројатноста дека ќе бидат во притвор или под правосуден надзор, се наведува во владиниот извештај објавен во мај. Се наведува, исто така, дека од лицата во австралиските затвори 30 отсто се од абориџинската заедница, иако таа сочинува само 3 отсто од целото население.
Началникот на регионалната полиција во Сиднеј, Мајкл Вилинг, вели дека е загрижен од видеото и однесувањето на полициските службеници, особено поради протестите кои се одржуваат во моментов во светот.
„Ова не се САД. Ние имаме многу добри односи со нашата локална заедница. Ме загрижива тоа што луѓето ги прејудуцираат резултатите од нашата истрага и изведуваат заклучоци пред тоа. Сите сме свесни за инцидентите кои се случуваа во САД изминатата седмица и свесни сме за чувствителноста околу она што се случува во странство“, рече Вилинг.