Масовен верижен судир се случил во американската сојузна држава Висконсин во кој учествувале 100 возила. Несреќата се случила покрај патот I94 во округот Џексон.
Во судирот учествувале камиони и патнички возила, јавуваат локалните медиуми. Според локалната полиција, во тој реон паѓал леден дожд кој создал крајно опасни услови на патот.
https://www.youtube.com/watch?v=EauFVWxzn2Y&feature=emb_title
Засега државната полиција и Брзата помош не можеа да понудат попрецизни информации за повредени, но беше констатирано дека патот е блокиран, а граѓаните се предупредени да го избегнуваат тој правец.
https://www.youtube.com/watch?v=dzaH1PzUfdk