ВИДЕО: Изгоре „тојота“ на семејството на Миле Зечевиќ

Автомобил „тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1, изгоре целосно во пожар, рано утринава. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга, објавува порталот Мкд.мк.

Се претпоставува дека пожарот, кој избувнал утрово околу 3 часот, бил подметнат.  Полицијата извршила увид, но сѐ уште го обезбедува местото.

Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ. Тој  во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана.