Фудбалерите на Баер Леверкузен и Шахтјор Доњецк прокнижија гостински победи на вечерашните мечеви од осминафиналната рунда во Лига Европа.
„Фармацевтите“ го суредија Ренџерс на негов терен со 3-1 и со тоа ширум си ја отворија вратата за пласман во наредната рунда во второто по ранг клупско натпреварување на стариот континент. Хаверц, Арангиз и Бејли погодиција за победникот, додека пак Едмундсон беше автор на голот за домаќините.
Шахтјор Донењк оставри голем, значаен триумф во Германија над Волфзбург од 2-1. Ова беше дуел на кој беа промашени два пенали (по еден на двете страни) и дуел во кој Брукс стрелаше за домаќинот, а Мораеш и Антонио за украинскиот претставник.
Без победник пак заврши битката во Грција меѓу Олимпијакос и Вулверхемптон (1-1). Грчкиот клуб и покрај тоа што играше со играч помалку од 29 минута прв дојде до водство преку Ел Араби во 54 минута, конечниот резултат со гол од слободен удар го постави Нето во 67 минута.