Натпреварот од третото коло на францускиот фудбалски шампиона мешу Ница и Марсеј во неделата вечерта беше прекинат во 75 минута по упадот на навивачите на домашниот клуб на теренот и судирот со гостинските навивачи, не беше доврешен во неделата, бидејќи гостите одбиле да го продолжат дуелот.
Група навивали од јужната трибина на стадионот „Алиујанц Ривиера“, на која се сместуваат најфанатичните приврзаници на Ница, во 75 минута ја прескокнаа оградата во желба да се пресмета со гостинските фудбалери.
Претходно Димитри Паје беше погоден со пластично шише за вода кога требаше да изведе корнер, и возврати на провокациите кои траеја целиот натпревар фрлајќи едно од многуте шишиња назад кон трибините.
По повеќеминутното туркање на обезбедувањето, фудбалерите и службените лица на двата клуба, при што помошникот на гостинскиот требер Хорхе Сампаоли, Хорхе Десио нокаутираше еден домашен навивач, судијата Беноа Бастиен двете екипи ги прати во соблекувалните и го прекина мечот. Во тој момент Ница водепе со 1:0, со голот кој во 49 минута го постигна Данецот Каспер Долберг.
Претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривер на навивачите по едночасовниот прекин им објави дека е решено наптреварот да продолжи. Десетина минути подоцна фудбалерите на Ница се вратија на теренот, а според извештаите на франциските медиуми, тројца играчи на Марсеј – Паје, Матеро Фиендузи и Луан Перез се жалеле дека се повредени во метежот откако навивачите влетаа на тревникот.
Час и половина по прекинот на теренот се појавија и судиите. Главниот судија Беноа Бастиен ја постави топката на корнерот, од каде требаше да биде продолжен натпреварот, даде знак за изведување, а бидејќи на теренот не се појкави гостинската екипа, веднаш означи и крај на мечот/.
Овој натпревар епилог така ќе го добие во дисциплинска постапка на телата кои се надлежми во француската лига.