Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и се заблагодари на челновите и поддржувачите за величенствениот собир минатиот викенд во Спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.
„Почитувани граѓани, од срце ви благодарам за вашата огромна поддршка. Тоа ми дава огромна енергија и уште поголема обврска да продолжам да работам со целата мојата сила за вас, за вашите семејства и нашата Македонија. Обновата доаѓа“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил, додавајќи и моќно видео од овој настан.