(ВИДЕО) Москва ја разгледува верзијата за терористички чин по експлозијата на Крим

Експлозијата на политехничкиот колеџ во пристанишниот град  Керч на црноморскиот полуостров Крим во којашто загинаа тринаесет луѓе е терористички чин извршен со импровизирана експлозивна направа., изјави во средата првиот заменик на шефот на Националната гарда, пренесува агенцијата ТАСС.

Снимките објавени на интернет страницата на локалното радио Керч.ФМ покажуваат оклопни транспортери во близина на колеџот во Керч, каде што во експлозијата претпладнето загинале десет лица, а десетици се повредени, пренесуваа медиумите.

Во врска со експлозијата се огласи и Кремљ, според кој една од верзијата за причините за несреќата којашто се истражува е терористички напад. Првичните извештаи за експлозијата на Крим, црноморскиот полуостров кој во март 2014 година распиша два референдума со кои мнозинското руско население ја врати автономијата укината во 1990-те години со осамостојувањето на Украина и за присоединување на Руската Федерација што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија, наведуваа дека станува збор за експлозија на гас.

Меѓутоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека тероризмот е меѓу верзиите кои се разгледуваат, како и дека претседателот Владимир Путин им наредил на безбедносните служби да ја истражат оваа можност.

Агенцијата РИА пренесува изјава на функционер на Националниот антитерористички комитет, кој рекол дека експлозијата била предизвикана од непозната експлозивна направа. Претставник на болницата во Керч рекол дека биле примени 18 лица со повреди од експлозијата, како и дека лекарите очекуваат дека ќе бидат донесени уште педесетина повредени.