Шест милитанти, вклучително и четири жени, биле ликвидирани во текот на операцијата против челникот на џихадстичката организација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, соопшти во средата челникто на Централната команда на вооружетните сили на САД (CENTKOM), генерал-полковникот Кенет Мекензи, зборувајќи на брифингот за новинарите во Белата куќа.
„Беа преземени сите неопходни мерки (за време на операцијата) за да се избегнат жртви меѓу цивилното население, кои според нашите процени се наоѓаа во објектот. Пет припадници на Исламската држава на територијата на објектот претставуваа опасност за специјалните сили, тие не реагираа на командата на арапски јазик да го положат оружјето. Тие беа убиени, меѓу нив имаше четири жени и еден маж“, рече генералот Меккензи, додавајќи дека ал-Багдади се разнел себеси со две деца, а не со три, како што претходно беше објавено.
„Вкупно шест припадници на Исламската држава загинаа во објектот: четири жени и двајца мажи, вклучително и ал-Багдади“, прецизираше американскиот генерал.
Шефот на CENTKOM додеде и дека Пентагон објавил голем број декалсифицирани слики и видео од операцијата. Генералот Меккензи прецизираше дека децата кои загинале заедно со ал-Багдади најверојатно биле „под 12-годишна возраст“. Претпостави дека водачот на џихадститите можеби пукал од тунелто пред да ја актвира бомбата. Генералот, исто така, рече дека во анализата на ДНК покажала дека „без сомнение“ ал-Багдади е ликвидиран во операцијата.
Од Пентагон, исто така, соопшти дека американските специјални сили заплениле голен број документи и електронски уреди од местото на кое е елиминиран водачот на Исламската држава.
„Тие ги земаа сите документи и електронски уреди кои можеа да се најдат. Нивниот обем е зналителен“, рече Мекензи.
Декласифицираните, зрнести, црно-бели снимки од саботниот напад покажуваат дека американските сили за сспецијални операции му се приближуваат на засолништето на ал-Багдади и авиони кои пукаат врз милитанти во близина. Најдраматичното видео прикажува оромен црн чад кој се издигнува од земјата откако бомби го срамнуваат копмлексот во кој се криел џихаистото во сириската покраина Идлиб.
“…at the compound, fighters from two locations in the vicinity of the compound began firing on U.S. aircraft participating in the assault.”
– Gen Frank McKenzie CDR USCENTCOM pic.twitter.com/SkrtHNDs7w— U.S. Central Command (@CENTCOM) October 30, 2019
“…at the compound, fighters from two locations in the vicinity of the compound began firing on U.S. aircraft participating in the assault.”
– Gen Frank McKenzie CDR USCENTCOM pic.twitter.com/SkrtHNDs7w— U.S. Central Command (@CENTCOM) October 30, 2019