
Грчка организација во Мелбурн во саботата организираше протест под мотото „Не за продажба на името Македонија, Македонија секогаш ќе биде грчка“.
На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале повеќе од две илјади луѓе.
Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло прво до вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе во близина на грчкиот конзулат.
Потоа дошло и до физичка пресметка, по што интервенирала полицијата која употребила и солзавец.