ВИДЕО| Пожарот во Аризона намерно го предизвикал кампер фрлајќи запалени ролни хартија

Пожарникарите во близина на Флагстаф, во американската сојузна држава Аризона, во вторникот трет ден со ред го гаснеа големиот пожар проширен од ветрот кој предизвика евакуација на жителите од стотици блиски куќи, а властите уапсиле маж осомничен дека го предизвикал пожарот додека кампувал во таа област, пренесува Reuters.

Пожарот на гасоводот зафатил повеќе од 20.000 хектари откако избувна во неделата, неколку километри северно од Глагстаф, живописен град со околу 75.000 жители.

Од вторникот, како што се наведува во извештаите, пламенот продолжил да се шири главно неконтролирано, иако претставници на пожарникарите истакнаа дека екстремните ветрови доволно ослабеле, а што овозможува при гаснењето да се користат и канадери.

При кулминацијата на опасноста од пожарот, за луѓето од повеќе од 2.100 домови е наложена задолжителна евакуација, а потврдени е дека најмалку една куќа изгорела.

Според портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Коконино, Џон Кајстон, одредбата за задолжителната евакуација е укината во вторникот, но жителите од околу 350 домови и натаму се раселени.

Властите, инаку, нагласија дека 57-годишниот маж кој го уапсиле кампувал во таа област. Пожарот веројатно го предизвикал со фрлање запалени ролни тоалетна хартија.