
Неколку силни експлозии одекнале во центарот на белоруската престолнина Минск доцна ноќта кон понеделникот, додека низ земјата траат протести и апсења во врска со штотуку завршените претедателски избори на кои уште една убедлива победа прогласи претседателот Александр Лукашенко, кого опозицијата го обвинува за диктаториско владеење.
Протестите избувнаа во Минск, Брест и Витебск каде што има и масовни апсења. На изборите многу опозициски кандидати беа оневозможени да учествуваат, а другите се жалеа за опструкции и притварања на нивните поддржувачи и активисти. По гласањето Лукашенко ообеди со речиси 80 отсто од гласовите.
Најтензична е ситуацијата во Минск, каде што полицијата употребува водени топови, созлавец и гранати за зашеметување. Според првичните информации, повредени се неколку лица кои се хоспитализирани.
Репортерите на руската новинска агенција РИА од белоруската престолнина пренесуваат дека демонстрантите подигнуваат барикади. Истовремено полицијата ги потиснува опозициските активисти подалеку од централниот плоштад.
Белоруските безбедносни сили успеале да ја преземат целосно контролата врз областа Стар град во Минск, истиснувајќи ги оттаму најголемиот дел од демонстрантите. Репортерот на агенцијата ТАСС јавува дека од областа излегуваат возила на итната помош и полициски возила со притворени лица.
Истовремено повторно е воспоставен сообраќајот во делови од централните авении на Мешеров и на Победителите, кои претходно вечерта беа блокирани. Но, неколку стотици лица го блокирале во меѓувреме сообраќајот на авенијата Независност и извикуваат „Промени“.
В Минске на проспекте Независимости силовики заготовили капкан для протестующих pic.twitter.com/XCV3Gg8jF1
— Вот Так TV (@vottak_tv) August 9, 2020