ВИДЕО| Во Франција се истражува нападот врз десничарскиот кандидат Земур

Франциското обвинителство отвори во понеделникот истрага за насилството на првиот предизборен собир на десничарскиот претседателски кандидат Ерик Земур, откако маж го зграбил поранешниот медиумски политички коментатор за врат. а неговите противници се нападнати зашто не станале против расизмот.

. (Photo by AFP)

Истрагаата „ќе ги покрие сите насилни инциденти“ на собирот, соопшти обвинителството.

Кога замур во понеделникот попладнето во салата во близина на Париз се пробивал низ масата приврзаници за да стаса до сцената, маж го фатил за вратот пред да го совладаат телохранителите и да го предадат на полицијата.

Земур бил полесно поврден, со што се објаснива неговото појавување со задоцнување од час иполовина, но го одржа говорот промовирајќи ја новоформираната партија и негвоито тим.

Во одвоен инцидент, кој се случил кога Земур го започнал говорот, неговите приврзаници со тупаници и столици нападнале помала крупа ултралевичарски активисти кои станаел од свотие седишта и провоцирале покажувајќи натписи на мацитите „Не за расизмот“. Една малада жена наводно била полесно повредена во лица, а напади пријавиле и двајца новинари.

Кандидатот на крајната десница на претседателските избори следниот април, Земур во неделата ги повика приврзаниците „да го променат текот на историјата“ и да тргнат во „повторното освојување“ на Франција.

Земур, поранешен новинар кој е осуден за поттикнување на омраза, стана главен кандидат којшто ќе ја предизвика Марин Лепен, челничката на одамна етаблираното крајно десничарско движење Национален собир, за пласирање во вториот изборен круг против актуелниот француски претседател Емануел Макрон.

По метеорскиот раст на популарноста во истражувањата на јавното мнение изминатие седмици, со неколку анкети во коишто се предвидува дека ќе влезе во вториот круг од претседателските избори, популарноста на Земур, сепак, опаѓа. Во оваа фаза, повеќето анкети предвидуваат дека во вториот крај во април следната година ќе бидат Макрон и Лепен, и оти Макрон веројатно би победил повторувајќи ја ситуацијата од изборите во мај 2017 година, која центристот вообичаено ја доби поддршката од социјалистите и конзервативците против кандидатката на крајната десница.

Меѓутоа, Земур е охрабрен од фактот што последните седмици извесно време имаше предност пред Лепен во анкетите, а се проценува дека за второто место трката сѐ уште е неизесна ид ека има доволно време повторно да се промени до април.