Во Србија до 18 часот во саботата 21-ви март, регистрирани се 171 потврден случај на коронавирус, откако по тестирањето на 48 лица 22 од нив биле позитивни на Covid-19, а за избегнувањето на „италијанското сценарио“, претседателот Александар Вучиќ вети построги мерки и ограничувања.
Од новите 22 пациенти 17 се хоспитализирани, но без комплиакции со добра општа состојба, додека петмина имаат полесна кличника слика и се во домашни услови. Во националната лабораторија „Торлак“ од почетокот на кризата извршени се вкупно 672 тестови на коронавирус.
„Денеска е најтешкиот ден, бидејќи имаме 36 новозоаразени (вкупно со потврдените случаи претпалднето – з.р.). До вечерва заразени се вкупно 171, а оваа бројка ќе биде уште поголема“, предупреди Вучиќ истакнувајќи дека на владата ќе ѝ предложи посторги мерки, бидејќи граѓаните досега не покажале доволно дисциплина и сериодно не ја сфатиле заканата која ја носи ширењето на коронавирусот.
„Ќе ѝ предложам на владата полцииски час од недела да трае од 17 часот поплане до 5 часот наутро, бидејќи е очиглено дека не можеме да бидеме доволно дисциплинирани, Имаме методи со кои го утврдуваме бројот на луѓето на улиците, доколку не биде тоа, ќе биде од 13 до 5 часот“, порача Вучиќ молејќи ги граѓаните предупредувањата да бидат сериозно сфатени.
Најави дека од понеделник на Белградскиот саем ќе бидат распоредени 3.000 кревети, а во салите на територијата на цела Србија уште 5.000 легла, за доколку се шири заразата да се „избегне италијанскот сценарио“. Вети и дека „до понеделник Србија ќе има 15 милиони заштитни маски“ кои ќе бидат доставени во аптеките за да бидат достапни за сите граѓани.
Потоа Вучиќ замина порано од прес-конференцијата на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ за да ја дочека помошта од Кина, но претходно се забалагодари на шеиукот на Обединетите Арапски Емираи, Мухамед бин Зајед, на Норвешка и на Европската унија, која во петокот со Србија потпиша договор за донација на 7,5 милиони евра во бирбата против коронавиурост.
Кусо време потоа најголемиот српски авион „Airbus A330“ слта со најголемата пратка со помош за Србија од Кина, во медицински апарати, запштитна опрема и кинески експерти. Помошта, како што пишуваат медиумите, е договрена благодарејќи на личниот ангажман на Вучиќ.
На пакетите со медицинска помош на киенски и на кирилица е напишано „Челични пријатели, го делиме и доброто и злото“, со срце на кое на едната половина е знамето на Србија, а на другата на Кина.
Во Србија, како што беше најавено, со медицинскиот тим допатувале и шест врвни епидеомиолози од градот Вухан, епицентарот на пандемијата од коронавурусот.