Бајатиот леб може да биде совршен материјал за готвење. Ова е рецепт за торта на кој нема да можете да одолеете.
Потребно е : 1 кг. јаболка, бајат леб, путер, мармалад од кајсии, 40 гр. сечкани ореви, 50 гр. суво грозје, 1 кафена лажичка цимет, 2 јајца, 500 мл. млеко, 100 гр. шеќер во прав, 1 ванилин шеќер.
Подготовка:
Излупете ги јаболката и исечете ги на коцки. Прелијте ги со вода, зовријте ги, па исцедете ги. Лебот исечкајте го на тенки парчиња, намачкајте ги со путер, а потоа со мармалад од кајсии. Одозгора ставете ги сварените јаболка, посипете ги со ореви, суво грозје и цимет.
Потоа ставете го вториот ред леб кој исто така ќе го премачкате со путер и мармалад.
Изматете ги јајцата, млекото и шеќерот и прелијте го лебот.
Оставете да отстои десетина минути, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.