-Власта успеа да продаде една приказна дека е блокиран петтиот пакет на мерки од страна на опозицијата или ВМРО-ДПМНЕ.Фактите се следни Владата го усвои петтиот пакет на мерки на 17-ти февруари со цел да може од први март да биде операбилен за да може за февруари да се помогне на работодавачите. Истиот го испратија по два дена во Собранието, на 19-ти февруари. Логично беше веднаш Претседателот на Собранието да го ставуи на дневен ред со цел истиот да се изгласа. А, ние кажавме уште пред лидерската средба дека ние како опозиција ќе го гласаме бидејќи е во корист за граѓаните. Претседателот на Собранието го стави на дневен ред дури на 24-ти март со образложение дека требало пратениците да се запознаат со содржината на нешта што пратениците кажаа дека ќе го подржат и ќе го гласаат. Кога го стави на 24-ти март, првпат кога ние можевме да интервенираме беше на седницата за пратенички прашања во март која што се одржува еднаш месечно, и на истата кажавме дека се откажуваме од пратенички прашања за да оди пакетот на економски мерки веднаш на седница. Прво опoнираа, а после кога видоа пред јавноста дека ќе изгубат многу и веднаш се закажа Комисија за финансирање и буџет која што ја води Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, поминаа на Комисијата за финансирање и буџет и наместо Талат Џафери веднаш да ги стави на дневен ред тој рече дека чекал да му бидат преведени записниците“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Николоски додаде дека Буџетот беше празен, владата немаше пари за да се реализираат мерките од петтиот пакет за помош на граѓаните и стопанството. Владата чекаше да се издаде еврообврзница за да се изгласа законот и да се пуштат парите до граѓаните.
-Џафери јасно направи проблем имајќи превид дека знаеше дека ВМРО-ДПМНЕ не се слага со точките на таа фамозна 36-та седница која што ја ставаше на дневен ред. Зошто ова го направи? За тоа што има една работа која што во јавноста некако не се спои со влечењето на овој петти пакет на мерки, а тоа е издавњето на еврообврзницата. Имено, буџетот беше празен и немаше пари да се реализираат овие мерки. И власта чекаше да се издаде оваа еврообврзница, да ја купат оние кои што се заинтересирани, да влезат парите во Буџетот за да може мерките да се исплатат, појасни Николоски.
Николоски посочи дека економијата во Македонија станува се позагрижувачка. Граѓаните немаат доволно пари за основните потреби. Економијата крахира поради неспособноста на власта која не носи добри и квалитетни политики за подобар живот на граѓаните.