ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за законот за намалување на акцизите на енергенсите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се стави на седница законот за намалување на акцизите на енергентите кој што го поднесовме по итна постапка, ова денеска преку изјава од собраниската говорница го истакна Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бараме фиксно намалување за 50% на акцизата за дизел горивата и бензинот. По новото зголемување на цената на нафтата на меѓународните пазари од 122 долари за барел се соочуваме со повторно зголемување на цените на дизел горивото и сега се гледа дека моделот на Владата за намалување на акцизата нема никаков ефект. Денес, бензиските пумпи нафтата ја земаат за 83 денари, а ја продаваат за 81 денар, што значи дека работат со загуби но исто така ова зголемување дополнително ги оптеретува и граѓаните. Сметаме дека наместо Владата да излегува со некакви паушални компарации со други земји од регионот и да убедува како сме плаќале најевтино гориво, а притоа не ја зема во предвид куповната моќ на граѓаните и животниот стандарт, да го прифатат овој закон кој што гарантирано ќе влијае за намалување на цената на енергентите, вели Петрушевски.

Тој додава дека со овој закон за фиксно намалување на кацизата за 50% ќе му се помогне на стопанството, а со самото тоа и на граѓаните. Дополнително, пониска акциза значи помош за транспортниот сектор, а со тоа и превенирање од повисоки цени на производите во маркетите, такси превозот, меѓуградскиот превоз и други области кои се поврзани со транспортни трошоци.