ВМРО-ДПМНЕ не го кочи изборот на новиот состав на Државната изборна комисија, изјави денеска пртпаролот на партијата, Наум Стоилковски.
Роковите се истечени. Потребно е ново законско решение, ВМРО-ДПМНЕ ништо не кочи, истакна Стоилковски.
За наредната недела се очекува Илија Димовски да ја закаже комисијата за избори и именувања, а од власта обвинија дека опозоцијата го кочи процесот поради референдумот.Огласот за нов состав на ДИК заврши пред две недели. Партиите не можеа да се договорат кои членови да ги предложат, а вкупно беа пријавени 41 кандидат за членови, претседател и заменик претседател на ДИК.
Претходно Стоилковски ги повика сите оние што се противат на девастирачките политики на Заев и неговата свита во Владата, утре во 13 часот да се приклучат на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
Очигледно Зоран Заев мораше да се консултира со Грција дали и со какво прашање да застане пред македонските граѓани. Среде Владата на Република Македонија, во својство на премиер на Република Македонија, Зоран Заев за грчкиот национален медиум се самоцензурира да не случајно изговори Македонија. Да не го изговори името на државата!
Притоа, македонскиот премиер за своите одлуки или дилеми прво се обраќа пред грчката јавност! Тоа е зајакнатиот Зоранов идентитет. Ваквото однесување на Заев е срамно и антидржавно! За највисоките државни и национални интереси граѓаните да разбираат преку грчка национална телевизија, откако прво ќе го слушнат грчките државјани. Тоа е недостојно за премиер на Република Македонија, изјави Стоилковски.