Во ДР Конго започна вакцинирање против еболата

Кампањата на вакцинирање против еболата започна во градот Бутембо на истокот на Демократска Република Конго, објави во понеделникот на својот акаунт на Twitter Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Први се вакцинирани здравствените работници во медицинскиот центар во Матанда, каде што се лекувал првиот заболен од еболата, се додава во соопштението.

Конго потврди четири случаи на еболата во повторното појавувае на смртоносниот вирус на 7-ти февруари во Бутембо, во провинцијата Северно Киву, епицентарот на претходната епидемија прогласена во јуни 2020 година.

Во соопштението на СЗО се наведува дека во Конго во петокот пристигнале 1.200 дози од вакцината против еболата.

Овие нови случаи на ебола се пријавени откако на 18-ти ноември 2020 година официјално беше прогласен крајот на 11-та епидемија на еболата во покраината Екватор, на северозападот на ДРК, која однесе 55 човеки животи од 130 пријавени случаи на болеста. Оздравувањето на последниот пациент од ебола е потврден во оваа конгоанска провинција на 16-ти октомври 2020 година.

Минатата седмица министерот за здравство Етени Лонгондо не ја пролгаси 12-та епидемија на еболата. Но уште кон средината на ноември предупреди дека во Конго „постои постојана опасност од избувнување на еболата“.

Другата западноафриканска земја Гвинеа објави во саботата ново избувнување на еболата, со седум потврдени случаи на заразата и тројца починати. И овојпат еболата се јавува во истиот дел на Гвинеа. Пред нејзиното ширење да биде сузбиено во 2016 година, заразата се прошири и на Либерија и Сиера Леоне, а случаите на заразата беа евидентирани во 10 земји во светот, меѓу кои и во САД и во Шпанија.

Вирусот на еболата, кој во 1976 година го откри Петер Пиот и меѓународен тим во кој беше и конгоанскиот професор Мујембе, се пренесува на човекот од заразено животно. Од човек на човек се пренесува со телесни течности, а главните симптоми се температра, повраќање, крварење и дијареа. Новите вакцини значително ја зголемија стапката на преживување последните години

По големата епидемија која од 2013 до 2016 година владееше во западна Африка кога починаа 11.000 луѓе и пренесувањето на болеста во западните земји преју хуманитарни активисти, СЗО со секое појавување на еболата стравува од ширење на вирусот во светот. Поради тоа, и претходната епидемија на истокот на Конго, СЗО ја прогласи за меѓународна здравствена криза.