Со 471 починати во последните 24 часа бројот на жртвите од коронавирусот во Франција достигна 4.503 лица, а со најмалку 884 починати во пензионерските домови бројката се искачува на најмалку 5.387 луѓе, пренесуваат медиумите.
Во француските болници има 26.000 заболени од коронавирусот од кои 6.399 на одделите за интензивна нега, наведуваа агенцијата AFP.
Драматичното зголемување на бројот на заразените и жртвите произлегува од тоа што француските власти во четвртокот објавија податоците кои покажуваат пошироки последици од коронавирусот од оние основните базирани на досегашните информции од болниците и лабораториите.
Се забележува дека најмалку 884 смртни случаи „поврзани со заразата со Covid-19“ во домовите за стари и немоќни лица и во сличните институции, откри Жером Саломон, генерален директор на француските здравствени служби.
Овие случаи не се вклучени во бројот починати во болнциите кој изнесува 4.500 и кој се зголеми за 471 лице. Саломон истакнува и дека сѐ уште не се пробројани ниту податоците од сите такви домови.
Француските власти се обидуваат да добијат поширока слика за влијанието на коронавирусот, а бројките од домовите за пензионерите целосно доправа се очекуваат. Саломон објави дека севкупно се потврдени или се сомнева на 14.638 случаи на зараза во домовите за стари и немоќни лица.
Во четвртокот севкупно во Франција со тестирање се потврдени 59.105 случи на зараза. Но Саломон предупредува дека овие податоци е засновина на консултациите на здравствените служби и сугерираат дека само меѓу 16-ти и 29-ти март имало 141.000 нови случаи.