Германија и Австрија во средата забележаа најголем дневени раст на бројот на новозаразените со коронавирусот во изминатите неколку седмици, соопштија надлежните институции во двете земји.
Германија изминатото деноноќие забелажала 1.226 нови случаи на зараза со коронавирусот.
„Последен пат поголем дневен скок од овој е забележан на 9-ти мај, кога во теко на еден ден беше пријавен 1.251 сличај. Ова е вознемирувачки тренд“, се наведува во соопштението на реферетниот Институт „Роберт Кох“.
Во соопштението се додава дека „по секоја цена“ е неопходно да се избегне натамошното влошување на ситуацијата. Најголем број од новозарезените е забележан во сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија и во градот-покраина Хамбург.
Со отворањето на границите и со почетокот на сезоната на годишните одмори проценти нови зарази кои се претпоставува дека се „увезени“ од странство се згомени на 31. Како извори на заразите се наведуваат земјите од западен Балкан, Турција, Бугарија, Романија, Полска и Шпанија.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна дека ситауцијата се влошува и дека треба да се остане „многу, многу претпазлив“, но истовремено рече дека германскиот здравствен систем е во состојба да ги поднесе новите случаи на заразата.
Од почетокот на пандемијата Германија потврди колу 220.700 случаи на зараза од кои околу 9.300 имале смртен исход. Во истиот периот соседна Австрија потврди 22.500 случаи на коронаинфекција и околу 730 смртни случаи.
Во Австрија со 194 нови случаи во последните 24 часа е забележан најголемиот раст на дневно ниво последните неколку седмици. Само во главниот град Виена во еден ден е регистриран 91 нов случај.
Австрија во меѓувреме продолжува со интензивното тестирање на лицата кои се вработени во угостителството и во туристичкиот сектор. Досега, според министерката за туризам Елизабет Кестингер, тестирани се над 65.000 вработени во туристичките центри.
„Со спроведувањето на интензивното тестирање за угостителските и туристичките објекти го зајакнуваме австрискиот туризам“, изјави Кестингер која истовтемено на сите вработени во споменатиот сектор им препорача тестирање кое е бесплатно.